Аргентинецот кој помина осум сезони во Тотнем ја заврши кариерата на 33 години

by Стефан
1 минути читање

Поранешниот крилен фудбалер на Тотнем, Севиља и Рома, Ерик Ламела става крај на кариерата на само 33 години, пренесува шпанскиот новинар, Цезар Луис Мерло.

Според информациите, Ламела и по повлекувањето од фудбалот ќе остане во АЕК и тоа во стручниот штб на тренерот Матеус Алмеида како помошник.

Кариерата Ламела ја започна во Ривер од каде што пристигна во Рома во 2011 година за 17 милиони евра.

По две години во Италија, Тотнем за него плати 30 милиони евра и во нглија помина осум сезона. Потоа три години го носеше дресот на Севиља, а минатата година присигна во АЕК.

Вкупно одигра 483 натпревари, постигна 84 гола и подели 76 асистенции.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×