68
Eкипата на Вардар најде замена за Роџерс Мато и нов фудбалер на „црвено-црните“ ќе биде, Аргентинецот, Иан Пулеио.
Пулеио со Вардар стави потпис на две ипол години, а пристигнува од редовите на Арема. Низ кариератта претходно беше дел уште од: Дечиќ и Арсенал Тиват, но исто така и од неколку клубови од Јужна Америка.
Неговиот трансфер го потврди извршниот директор, Миленко Неделоковски. Исто така потврдено е заминувањето на Ворен Чимпембе, додек Фехад Бајо е позајмен во Арсими.
Неделковски откри и дека Вардар преговара со неколку фудбалери од Јужна Америка.