Аргентина загуби речиси половина милион евра поради повредата на Меси

by
1 минути читање

Аргентина во
среда гостува кај Мароко каде обете селекции ќе ги одмерат силите во контролен
меч, а Гаучосите освен од фудбалски аспект, загубија многу во однос на
финансискиот дел кој стои зад оваа пријателска средба.

Отсуството на
првата ѕвезда Лионел Меси, ќе значи дека фудбалската федерација на Мароко ќе и
исплати на Аргентинската само 550,000 евра, а договорот помеѓу обете страни
беше сосема поинаков.

Меси се врати во
националниот состав на Аргентина, но се здоби со повреда во поразот од 0-2 во
контролката со Венецуела и веднаш се врати во Барселона, а дневниот марокански
весник Ал Ахдаж ал Магребија извести за договорот помеѓу Мароко и Аргентина.

Според истиот, предвидено
беше од куќата на фудбалот на Мароко да исплатат 450,000 евра до Фудбалската Аедерација
на Аргентина доколку капитенот на Гаучосите мине барем 70 минути на теренот од
тој меч.

Сепак, до тоа
нема да дојде, па од Фудбалската Асоцијација на Аргентина ќе се „задоволат“
само со 550,000 евра.

Биди модерен, обложувај се онлајн, играј на BetAdria.com, до 100 ЕУР БОНУС за прв депозит, регистрирај се ТУКА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×