Лионел Меси се подготвува е на залезот на кариерата и ќе ги игра последните натпревари во дресот на аргентинската репрезентација. Легендарниот Аргентинец на 38-годишна возраст ја приведува кон крај својата блескава кариера во која освои сè што можеше и на клупско и на репрезентативно ниво.
Според медиумите од Аргентина, последниот настап на Меси пред домашната публика ќе биде на 5 септември, кога „гаучосите“ во Буенос Аирес ќе ја пречекаат Венецуела во квалификациите за Светското првенство. Тоа ќе биде претпоследниот меч од циклусот по кој Аргентина ќе гостува во Еквадор.
„Жалам од сè срце, но доколку не се смени распоредот, тоа ќе биде последниот официјален натпревар на Меси со репрезентацијата на Аргентина на домашен терен. Следни официјални мечеви во Аргентина нема, а во 2027 година евентуално може да има пријателски дуели“, изјави новинарот Фернандо Чиз.
Меси досега има 193 настапи за националниот тим со 112 постигнати голови и 61 асистенција.