Аргентина против Бразил во полуфиналето од Копа Америка (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Аргентина одигра уште еден неубедлив натпревар, но си ја заврши задачата, ја совлада селекцијата на Венецуела и обезбеди место меѓу четирите најдобри.

Резултатот беше отворен рано, уште во десетата минута Лаутаро Мартинез најдобро се снајде во шеснаесетникот на Венецуела и постигна гол за водство на Аргентина од 1-0.

Во продолжението Венецуела јалово се обидуваше да изедначи, Аргентина се обидуваше преку контри, но не се случуваше ништо возбудливо.

Прашањето за победникот беше решено на 15 минути до крајот кога Ло Келсо искористи еден кикс на голманот на Венецуела и постигна гол за конечни 2-0.

Во полуфиналето Аргентина ќе игра против најголемиот ривал Бразил кој е главен фаворит за трофејот од Копа Америка.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани