Аргентина преку пенали до финалето од Копа Америка, Меси е на меч до трофеј со репрезентацијата (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Лео Меси повторно е на еден натпревар до прва титула со аргентинската репрезентација, трофеј кој му недостасува.

Ноќеска ја совладаа Колумбија на пенали и дојдоа до големото финале против Бразил.

Аргентина поведе уште во седмата минута со гол на Лаутаро Мартинез по асистенција од Меси.

По 15 минути игра во вториот дел, Диаз го изедначи резултатот на 1-1.

И двете селекции имаа шанси за предвреме да го решат победникот, но не беше постигнат трет гол, па пеналите решаваа кој ќе оди во финале.

Во нив брилијантен беше аргентинскиот голман Мартинез, Аргентина од четири шута погоди трипати, а Колумбија од пет обиди реализираше само двапати.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани