71
Аргентина вчера
беше на прагот на елиминација откако доживеа тежок пораз од 3-0 во пресметката
со Хрватска. Сепак, Нигерија пополаднево покрај тоа што одигра за себе, им
направи голема услуга и на „Гаучосите“.
Меси и дружината
добија нова надеж за осминафинале и продолжување на престојот во Русија. Триумфот
на Нигерија од 2-0 над Исланд значи дека Аргентина со победа во последното коло над Нигерија и реми на Хрватска
и Исланд ќе се пласира во нок-аут фазата.
Дури и Исланд да
ја победи Хрватска, доколку Аргентина забележи победа повисока за еден гол од онаа на „Рибарите“,
„Гаучосите“ продолжуваат понатаму.