Аргентина не
дозволи изненадување и елиминација. По поразот од Колумбија и ремито со Парагвај, избраниците
на Скалони вечерва го совладаа Катар со 2-0 и си обезбедија четвртфинале на
Копа Америка.
Мечот почна одлично
за „гаучосите“, Лаутаро Мартинез веќе во 4. минута донесе водство по еден кикс на одбраната на Катар. За вториот гол се чекаше долго и првата
победа во Бразил беше обезбедена дури во 82. минута кога Агуеро доби топка од
Дибала, брзо продре во шеснаесетникот и погоди за 2-0.
Во корист на
Аргентина беше и резултатот од мечот помеѓу Колумбија и Парагвај, каде
популарните „триколори“ славеа со 1-0, па „гаучосите“ со четири бода се втори
во групата Б зад Колумбија која има максимален учинок и 9 бода.