159
Поради неодамна прележаниот ковид, кој не го помина најлесно, Меси доби поштеда од аргентинската репрезентација. Му беше дадено време да се опорави комплетно.
Но, Аргентина и без него дојде до трите бода од гостувањето кај Чиле. Сите возбудувања се случија во првиот дел.
Ди Марија постигна гол во 10. минута за водство на Аргентина од 1-0, но десетина минути подоцна Бреретон изедначи на 1-1.
Лаутаро Мартинез даде гол во 34. минута за водство од 2-1 на Аргентина што беше и конечен резултат на мечот.