Аргентина го отпушти селекторот Бауза по само осум натпревари

by
1 минути читање

Аргентина е на петтото место во квалификациите за Светското првенство во Русија, а тоа е позицијата која води во бараж, а не директен пласман на Мундијалот. 

Бауза во август беше назначен за нов селектор, ја водеше Аргентина на осум натпревари и оствари три победи, две нерешени и два порази.

„Му соопштивме на Бауза дека повеќе не е селектор на националниот тим. Репрезентацијата играше лошо и сите го знаат тоа“ – изјави претседателот на Фудбалската федерација на Аргентина, Клаудио Тапиа.

Аргентина има уште четири натпревари во квалификациите за да го подобри пласманот на табелата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани