Аргентина е во осминафиналето, Меси и Рохо херои на мечот! (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Супер интересна завршница на Д групата, Аргентина во финишот од натпреварот со гол на Маркос Рохо успеја да ја совлада Нигерија и остана на Светското првенство! Штета за Нигеријците кои одиграа одличен меч, но не успејаа.

Аргентина одлично го почна мечот, по асистенција од Банега, Меси одлично ја прими топката и постигна гол за голема радост и водство од 1-0.

До крајот на полувремето Аргентина беше многу подобра, но таквата игра не успеја да ја искористи за да го зголеми водството.

По шест минути игра во вториот дел пенал за Нигерија по прекршок направен од Маскерано. Мозес беше сигурен реализатор за израмнување на 1-1.

Нигерија имаше неколку убави шанси кои ги пропушти, а казната дојде во 86. минута кога по асистенција од Меркадо, Маркос Рохо реализираше за водство од 2-1 кое значеше и победа за осминафинале.

Во вториот натпревар Хрватска излезе со променет состав но и покрај тоа го победи Исланд со 2-1.

По мирното прво полувреме, Бадељ во 53. минута се најде на вистинското место и постигна гол за водство од 1-0.

Во 76. минута Исланд се врати во игра со погодок на Сигурдсон од пенал и тргна по погодок кој ќе ги однесеше во следната рунда.

Но во 90. минута Перишиќ постигнува гол за победа на Хрватска од 2-1 и крај на сите надежи за Исланд.

Хрватска со максимални девет бода го освои првото место, Аргентина со четири оди понатаму како втора, Нигерија со три е трета, а Исланд последен со само еден бод.

Нигерија – Аргентина 1:2

Исланд – Хрватска 1:2

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани