Шпанскиот весник АС открива дека Арда Ѓулер додал помеѓу 8 и 10 килограми мускулна маса за да може да одговори на новиот предизвик и да игра во централниот дел на средниот ред.
Минатото лето Реал Мадрид се раздели со Тони Крос без да донесе соодветна замена, а истото се случи и ова лето – клубот го напушти Лука Модриќ, без притоа да пристигне нов фудбалер од средниот ред.
Чаби Алонсо има план како да надополни дел од креативноста на Германецот и Хрватот и ќе ја промени позицијата на Арда Ѓулер, кој повеќе ќе игра во централниот дел на средниот ред наместо по крилните позиции.
И како што пренесува АС, за Турчинот да одговори на овој предизвик, неуморно работел и додал помеѓу 8 и 10 килограми мускулни маса.
Тој ангажирал личен фитнес тренер, личен физиотерапевт и личен готвач за да направи голема трансформација и тело кое ќе му овозможи битка на средината од теренот и полесно да ги издржи дуелите со противниците.
ФОТО: X/Real Madrid C.F.