Арбелоа со зајадлив коментар до „кандидатот Лапорта“: Вие го направивте најголемиот скандал

by bojan
1 минути читање

Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа  со зајадлив коментар му одговори на Жоан Лапорта, кого го нарече „кандидатот“ и порача дека најголемиот скандал е „случајот Негреира“ и милионските исплати на Барселона.

Џанлука Престијани можеби доминираше на прес конференцијата на Алваро Арбелоа пред реваншот помеѓу Реал Мадрид и Бенфика во Лигата на шампиони, но на средбата со новинарите место имаше и за вечниот ривал Барселона.

Тренерот на Реал Мадрид беше запрашан за коментарите на Жоан Лапорта, кој вчера изјави дека „кралевите“ 70 години делегирале судии.

Алваро Арбелоа одговори со зајадлив коментар и рече: „Нема да му реплицирам на „кандидатот Лапорта“. Но за мене, најголемиот скандал во историјата е „случајот Негреира“ и не ми е јасно како тој останува неразрешен“.

Во „случајот Негреира“, Барселона е обвинета дека на поранешниот потпретседател на судискиот комитет Eнрике Негреира му исплатила милионски суми, и на овој начин е купена наклонетост на судиите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×