Жерард Пике никогаш не бил омилен низ Шпанија поради неговиот јавен став за независност на Каталонија, а работите дополнително се влошија по референдумот кој беше одржан во неделата.
Фановите бараат тој да ја напушти репрезентацијата, а на подготовките за дуелите со Албанија и Израел доби свирежи и навреди.
Дефанзивецот денеска се појави на прес конференција за да ја појасни целата ситуација и посочи дека нема намера да го напушти националниот тим.
„Никој не треба да се сомнева во мојата верност и посветеност кон репрезентацијата на Шпанија“ – рече Пике на пресконференцијата.
„15 години ги бранам боите на националниот тим и горд сум што играм за Шпанија“.
„Помислив за пензија, за да им олеснам на соиграчите, но така ќе победат оние кои ме исвиркуваат“.
„Очигледно ми беше тешко кога ме исвиркуваа и навредуваа на отворениот тренинг, обично вашите фанови ве поддржуваат, но мислам дека ова е предизвик кој ќе пребродам“.
По пресот на Пике, на социјалните мрежи се огласи Алваро Арбелоа, поранешниот играч на Реал Мадрид никоагш не бил во добар однос со фудбалерот на Барса.
Тој на Твитер напиша: „Колку е лесно да не покажувач почит кон некого а потоа да бараш тој да те почитува тебе“.
„Кој сее ветер, жнее бура“.
Que fácil es faltar el respeto a cualquiera que se te ponga por delante y luego pedirlo para ti.
Quien siembra vientos, recoge tempestades.— Álvaro Arbeloa (@aarbeloa17) October 4, 2017