Алваро Арбелоа денеска ја одржа редовната прес-конференција пред почетокот на новото коло од Ла Лига, Реал Мадрид утре го пречекува Леванте.
Утре со почеток од 14 часот Реал Мадрид е домаќин на Леванте, кралскиот клуб нема право на кикс. Притисокот е огромен по поразот од Албасете.
„Фановите ќе ни свират утре? Јас ќе побарам од нив да им дадат поддршка на фудбалерите и да бидат на наша страна, но ќе почитувам што и да направи Бернабеу“, рече Арбелоа.
„Што и да се случува оваа сезона, јас сум тој кој ќе биде виновен. Моја е вината за поразот од Албасете и ако загубиме некој друг натпревар, исто тоа ќе биде моја вина“.
„Утре сакам веднаш да нападнеме, да одиме на победа уште од првата минута. Сакам да видам пасија, амбиција и желба уште од стартот“.