Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа вели дека не сака да го купи никого во зимскиот преоден рок, тој е задоволен од составот кој го има на располагање, како и опциите во академијата.
Многумина сметаат дека креативноста на средината од теренот е главен проблем на Реал Мадрид, ново име на оваа позиција бараше и Чаби Алонсо, но Флорентино Перез одби да му ја исполни желбата.
Па на оваа тема беше запрашан Алваро Арбелоа, кој одговори прилично самоуверено.
„Имам извонреден состав на располагање и среќен сум со фудбалерите кои ги имам. Ако ми треба нешто, имаме фантастична академија“ – порача младиот стратег, кој од резервниот тим беше промовиран на клупата на првиот тим по отказот на Чаби Алонсо.