Арбелоа посочи четворица фудбалери кои смета дека се лидери на Реал Мадрид

by riste
1 минути читање

Алваро Арбелоа оствари победа во својот прв меч од Ла Лига како тренер на Реал Мадрид откако со 2-0 го совлада Леванте на Сантијаго Бернабеу.

По поразот во Купот на Шпанија од Албасете, Реал Мадрид денеска го победи Леванте за мир во куќа, барем привремено.

На прес-конференцијата по мечот, Арбелоа зборуваше за повеќе работи, а меѓудругото издвои четворица играчи за кои вели дека се лидери на тимот.

„Наши лидери се Џуд, Феде, Килијан и Вини. Ќе работам со сите нив за да ги вратам на нивното најдобро ниво и да освојат многу трофеи тука. Тие го заслужуваат тоа“, вели Арбелоа.

„Вини перфектно го претставува она што е Реал Мадрид. Нула страв, постојано ја бара топката, силен карактер, го брани Реал Мадрид со својот живот. Тоа што тој го има постигнато со овој клуб, го немаат направено многу луѓе“.

„Белингем одблиску е уште подобар од тоа што е на ТВ. Тој е лидер. Денеска трчаше многу. Дава голем напор, тој е еден од нашите лидери заедно со Вини, Феде и Килијан“.

„Сакам да му се заблагодарам на Килијан за неговиот напор кој го даде денеска. Тој имаше болки во коленото, но и покрај тоа сакаше да се појави и да му помогне на тимот. Тој е лидер. Неверојатно момче, природен лидер“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×