Арбелоа: Ова е посебен ден за мене, веќе разговарав и со Алонсо

by 24 фудбал
1 минути читање

Реал Мадрид и официјално започна нова ера на клупата, откако клубот го промовираше Алваро Арбелоа како наследник на Чаби Алонсо. Поранешниот фудбалер и легенда на „кралевите“, кој досега успешно работеше со младинските категории, доби голема доверба и сериозен предизвик да го води првиот тим.

Арбелоа беше претставен пред јавноста, а неизбежно доби и прашање поврзано со заминувањето на Чаби Алонсо. Младиот стратег зборуваше со голем респект за својот претходник, истакнувајќи дека меѓусебната почит и пријателството ќе останат засекогаш.

Ова е посебен ден, како и сите во Реал Мадрид. Во овој клуб сум дваесет години. Денес сум свесен за одговорноста и задачата која е пред мене, а ја прифаќам со голем ентузијазам. Тоа што го разговарав со Чаби ќе остане меѓу нас. Пријателството е пред сè. Вчера бев известен дека ќе го преземам првиот тим и веднаш разговарав со него, тоа е взаемната почит која ќе остане засекогаш. Алонсо знае дека ова секогаш ќе биде негов дом и дека има поддршка. Чаби е легенда на клубот, а одлуката беше донесена обострано. Му посакувам сè најдобро во кариерата. Видовме во последните неколку натпревари колку момците се бореа. Имаме тим подготвен на сè, свесен колку бара Реал Мадрид. Победите со овој грб се можни само со почитување на вредноста на клубот“, изјави Арбелоа.

Пред официјалната презентација, Арбелоа веќе го одржа и својот прв тренинг со првиот тим, означувајќи го почетокот на новото поглавје. Според најавите, тој ќе го води Реал Мадрид до крајот на сезоната, по што раководството ќе донесе одлука дали ќе му укаже долгорочна доверба или ќе бара трајно решение за клупата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×