Арбелоа остана без уште еден важен играч пред реваншот со Сити!

by riste
0 минути читање

Нема крај на кризата со повредени фудбалери во Реал Мадрид, последно име на листата е Ферланд Менди кој нема да го игра реваншот против Манчестер Сити.

Алваро Арбелоа мака мачи да склопи стартен тим за натпреварите на Реал Мадрид, ситуацијата станува полоша бидејќи листата на повредени постојано се зголемува.

Последните информации велат дека Менди заработил повреда на првиот меч со Сити и го чека пауза од некој период. Тој сигурно ќе го пропушти реваншот на Етихад.

Покрај него на листата на повредени се уште и Мбапе, Алаба, Белингем, Себаљос, Милитао, Карерас, Родриго…

Можно е и ова да ти се допаѓа

×