Арбелоа: Од месечината може да се види дека тоа беше пенал! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Алваро Арбелоа смета дека Реал Мадрид е оштетен против Џирона, според него кралскиот клуб не добил чист пенал.

Реал Мадрид направи нов кикс во Ла Лига откако одигра само 1-1 против Џирона на Сантијаго Бернабеу.

Килијан Мбапе беше удрен со лакт во шеснаесетникот на гостите, но судиите не досудија пенал.

„Фаулот врз Мбапе беше чист пенал. Тоа беше пенал кој може да се види од месечината. Но, тоа е што е, секогаш исто. ВАР интервенира кога сака, кога не сака да види нешто не интервенира“, вели лутиот Арбелоа.

Лицето на Мбапе беше крваво по добиениот лакт.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×