106
Познато е дека Алваро Арбелоа е вистински Мурињиста, тој е фан на Жозе Мурињо и постојано го следи Португалецот, вечерва првпат ќе се соочи со него како тренер.
Мурињо искажа убави зборови за Арбелоа пред денешниот меч меѓу Бенфика и Реал Мадрид.
„Чест ми е што го слушнав такви зборови за мене од Жозе Мурињо. Тој ми значи многу повеќе од само тренер. Среќен и емотивен сум што го слушнав тоа, тој ми е пријател“, рече Арбелоа.
„Кога бев фудбалер, ние ги пуштавме прес-конференциите на Мурињо во соблекувалната и ги слушавме. Не пропуштав прес-конференција тогаш, е не пропуштам негова прес-конференција и сега“.
„Дали јас ќе бидам новиот Мурињо? Никогаш нема да има друг Мурињо“.