Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа верува дека утрешниот натпревар против Бенфика ќе биде сосема поразличен од оној во последното коло од лигашкиот дел од Лигата на шампионите.
Тој меч Реал Мадрид не го памети по добро, тие загубија со 4-2 и поради тоа мораа да играат плејоф, а не директно да се пласираат во осминафиналето.
Ждрепката ги спои двата клуба во плејофот, па за кратко време има нова битка. Но, Арбелоа не размислува за одмазда.
„Одмазда против Бенфика? Не, не, не е наша цел да ја победиме Бенфика или да се одмаздиме, наша цел е да ја освоиме Лигата на шампионите, а победа над Бенфика е само чекор кон таа насока“, вели Арбелоа.
„Бенфика ќе игра многу добро утре, и ние треба да бидеме подготвени за тоа. Без разлика кој ќе игра, тие ќе бидат многу добро, бидејќи имаат неверојатен лидер кој им кажува како да играат, а тоа е нивниот тренер“.
„Што ќе им кажам на моите фудбалери? Дека треба да бидеме 90 минути комплетно фокусирани, дека треба се да биде добро, напад добар, добра одбрана, прекини, се, ќе ни требаат комплетни перформанси“.