Арбелоа: Јас сум Мурињиста!

by riste
1 минути читање

Новиот тренер на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа откри дека е фан на Жозе Мурињо и дека ја почитува неговата фолозофија.

Жозе Мурињо е единствениот тренер во светот кој има свои фанови кои го пратат каде и да оди, па тие таквите се нарекуваат Мурињисти.

Во Шпанија е познато дека Арбелоа е фан на Жозе Мурињо, па новинарот го запраша токму тоа.

„Точно е, јас сум Мурињиста“, рече Арбелоа.

Новинарот го праша: Што е тоа Мурињизам?

„Тоа не е само идолизирање на Жозе. Станува збор за тоа секогаш да се оди напред и да не се плашиш да бидеш таков каков што си. Секогаш се трудам да бидам колку што е можно повеќе Мурињиста“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×