Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа ја продолжи војната со Жоан Лапорта за „случајот Негреира“, вели дека претседателот на Барселона четирикратно ги зголемил исплатите кон поранешниот потпретседател на судискиот комитет.
Реал Мадрид и Барселона подолго време се препукуваат кој добива помош од судиите, а во центарот на војната е „случајот Негреира“.
Жоан Лапорта вчера изјави дека дури 72 години судискиот комитет е воден од луѓе блиску до Реал Мадрид.
Тој исто така уште еднаш порача дека нема ништо нелегално во исплатите кон компанијата на Негреира, тие плаќање биле за изготвување извештаи за судиите и анализа на нивната работа, и дека ова пракса сигурно ја применувале и во Реал Мадрид.
На ова денеска одговори Алваро Арбелоа, кој со насмевка на лицето рече: „Кој го кажа ова? Кандидатот Лапорта? Па тој четирикратно ги зголеми исплатите кон Негреира!“.
„Мислам дека со ова доволно кажав“.