130
Како што одминува сезоната, сè потешка станува задачата на Арбелоа да ја одржи атмосферата во соблекувалната на Реал Мадрид под контрола.
По несогласувањата со Дани Карвахал и Марко Асенсио, сега во фокусот е и Џуд Белингам.
Според информациите, англискиот репрезентативец бил незадоволен од одлуката да остане на клупата во дуелот против Баерн, каде предност добил младиот Тијаго Питрач.
Белингем сметал дека е целосно подготвен и способен да одигра цел натпревар и да помогне во борбата за победа.
Од друга страна, Арбелоа по мечот истакна дека играчот не е стопроцентно фит и дека мора внимателно да се управува со неговата минутажа.