Во Реал Мадрид е вклучен алармот по поразот од Хетафе на Сантијаго Бернабеу, се стравува дека клубот ќе заврши сезона без трофеј.
Шпанските медиуми пишуваат дека тренерот Алваро Арбелоа имал два состаноци со фудбалерите на Реал Мадрид по поразот од Хетафе.
Едниот бил со капитените, а другиот со остатокот од фудбалерите и со стручниот штаб.
Тој меѓудругото побарал од фудбалерите да направат дополнително залагање од тоа што го давале досега.
Реал Мадрид се соочува и со проблеми поради повредени фудбалери, од клубот стравуваат дека е невозможно да го минат Манчестер Сити без Килијан Мбапе и Џуд Белингем кои се повредени.
Ако се случи елиминација од Лигата на шампионите, тоа може да биде крај на сезоната со оглед на тоа што во Ла Лига веќе заостануваат четири бода во однос на Барса, а од Купот на Шпанија се елиминирани.