Арбелоа доби дефанзивно „засилување“ за следните натпревари на Реал

by 24 фудбал
0 минути читање

Добри вести пристигнуваат во таборот на Реал Мадрид откако левиот бек Ферланд Менди успешно ги надмина проблемите со повредата и повторно му е на располагање на стручниот штаб.

Неговото враќање значи дополнителна опција во дефанзивната линија за тренерот Алваро Арбелоа, кој во наредниот период ќе може да смета на поголема ротација и искуство во одбраната.

Мадридскиот состав по 22 одиграни кола има освоено 54 бода и се наоѓа веднаш зад водечката Барселона, со само бод негатива во шампионската трка.

Во рамките на 23. рунда во шпанскиот фудбал „кралевите“ ќе ѝ гостуваат на Валенсија на Столе Димитриевски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×