Араухо херој на Барселона против Рајо (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Барселона запиша нови три бода на домашен терен, совладувајќи го Рајо Ваљекано со минимални 1-0 на „Камп Ноу“, во натпревар каде што не блескаше, но сепак ја оправда фаворитската улога.

Каталонците голот за победа го постигнаа во првото полувреме кога во 24. минута Роналд Араухо најдобро се снајде по одличната асистенција од Жоао Кансело и ја затресе мрежата за водство кое подоцна се покажа како доволно.

Иако се очекуваше поубедлив триумф против тим како Рајо, избраниците на Флик одиграа рутински и без многу ризик го приведоа натпреварот кон крајот.

Со оваа победа, Барселона дополнително се зацврсти на врвот на табелата и сега има седум бода повеќе од Реал Мадрид, кој допрва треба да го одигра својот натпревар од колото, градското дерби против Атлетико Мадрид кое на програмата е вечерва.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×