Арапските милиони сепак му го свртеа умот на Винисиус Жуниор, напаѓачот не сака да потпише нов договор со Реал

by bojan
1 минути читање

Винисиус Жуниор нема намера категорично да отфрли преселба во Саудиска Арабија, Бразилецот ја остава отворена вратата и конечна одлука ќе донесе по крајот на оваа сезона.

Саудиска Арабија сака да реалисира трансфер бомба каква што не е видена во светот на фудбалот и да го донесе Винисиус Жуниор во Ал Ахли.

На Бразилецот му бил презентиран предлог со кој ќе заработи 1 милијарда евра во период од 5 години, односно најбогатиот договор во светот на фудбалот.

Последните информации велат дека Винисиус Жуниор ова лето сигурно нема да го напушти Реал Мадрид, но тој одбива категорично да отфрли преселба во Саудиска Арабија.

Напаѓачот ја остава отворена вратата и конечна одлука ќе донесе по крајот на сезоната. Во исто време, неговите агенти ги известиле „кралевите“ дека нема да биде потпишан нов договор, со што дополнително ќе биде ослабена позицијата на Реал Мадрид во преговорите доколку Саудиска Арабија следното лето тргне во нова офанзива.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани