Арапите сакаат да го направат Ридигер најскапо платениот дефанзивец во светот

by bojan
1 минути читање

Скај Германија објави дека Ал Наср и Ал Хилал сакаат да го донесат Антонио Ридигер во Саудиска Арабија и му нудат богат договор со кој ќе стане најскапо платениот дефанзивец во светот.

Антонио Ридигер е на мета на клубови од Саудиска Арабија, дефанзивецот е желба на Ал Наср и Ал Хилал.

Пари нема да се штедат во намерата Германецот да биде привлечен за трансфер, и како што пишува Скај Германија, на маса е ставен богат предлог.

Конкретни бројки не се откриваат, но се говори дека Антонио Ридигер ќе стане најскапо платениот дефанзивец во светот доколку прифати преселба во Саудиска Арабија.

Сепак, Германецот во моментов нема намера да го напушти Реал Мадрид, и а „кралевите“ не помислуваат да го продадат дефанзивецот.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани