Голем број на извори од Шпанија објавија дека Барселона во Дубаи пронашла инвеститори на кои за 100 милиони евра ќе им биде отстапен дел од ВИП ложа на новиот Камп Ноу, и со овие пари ќе можат да се регистрираат Дани Олмо и Пау Виктор.
Арапите ќе ја спасуваат Барселона од срам, откако „каталонците“ не успеаја преку суд да издејствуваат регистрација на Дани Олмо, претседателот Жоан Лапорта денеска во Дубаи најде инвеститори кои ќе ја наполнат касата.
Марка и Мундо Депортиво пренесуваат дека паднал договор дел од ВИП ложата на новиот „Камп Ноу“ да биде отстапен во период од 20 години за 100 милиони евра, додека пак весникот Спорт пишува дека сумата ќе биде 120 милиони евра.
Со оваа зделка, Барса ќе креира доволно простор во буџетот за Дани Олмо и Пау Виктор да бидат регистрирани за продолжението од сезоната.
„Каталонците“ ризикуваа да се најдат во срамна ситуација и беспари да го загубат Дани Олмо, во неговиот договор има клаузула со која тој може да стане слободен играч доколку не биде регистриран до 31. декември.