Арапите ќе ја наполнат касата на Рома, по Дибала ќе достават понуда за уште еден напаѓач

by bojan
1 минути читање
Дибала

Медиумите од Италија пренесуваат дека Арапите сакаат да го ангажираат и Тами Абрахам, се шпекулира со сума од 25 милиони евра за услугите на напаѓачот.

Саудиска Арабија добро ќе ја наполни касата на „волчицата“ во последните недели од летниот преоден рок.

Откако сериозно притиснаа за ангажман на Пауло Дибала, последните информации велат дека се подготвува и понуда за Тами Абрахам.

Во моментов не е јасно кој е клубот каде би можел да се пресели Англичанецот, но весникот Република шпекулира со трансфер сума од 25 милиони евра.

Што се однесува до трансферот на Пауло Дибала, за него ќе бидат одвоени 15 милиони евра, плус бонуси.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани