Арапите го примамуваат Винисиус со плата каква што никогаш претходно не е видена во фудбалот

by bojan
1 минути читање

Според пишувањата на Футмеркато, делегација од Саудиска Арабија имала средба со Винисиус Жуниор во Мадрид и му понудила четиригодишна соработка со плата каква што никогаш претходно не е видина во фудбалот.

Арапите нема да штедат пари за да го привлечат Винисис Жуниор.

Последните информации велат дека делегација на владата на Саудиска Арабија била во посета на Мадрид и средба со Бразилецот.

Идејата е напаѓачот да биде примамен со четиригодишен договор и плата каква што никогаш претходно не е видена во фудбалот.

Не само што Винисиус Жуниор ќе стане најплатениот спортист во светот, Бразилецот ќе може да кажува и какви фудбалери ќе треба да бидат ангажирани во иднина.

Винисиус Жуниор не ја затворил вратата, но порачал дека може да се реши на еден ваков трансфер само од 2026 па натаму. Напаѓачот во моментов е фокусиран само на Реал Мадрид, сака да продолжи да игра на највиско ниво и да се бори за „Златната топка“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани