Челси е актуелен шампион на Англија, но Конте е свесен дека наредната сезона ќе биде многу поинаква од оваа што помина. Сините ќе настапуваат во Лигата на шампионите, за разлика од претходната во која немаа излез во Европа.
На Челси ќе му треба поголем ростер на квалитетни фудбалери, а најверојатно и нов напаѓач бидејќи Диего Коста е пред заминување.
„Газета дело Спорт“ пишува дека Антонио Конте е лут на управата на Челси поради неактивноста на трансфер пазарот. Клубот се поврзува со Ромелу Лукаку, но се уште нема ништо конкретно.
За разлика од Челси, Манчестер Сити веќе ги купи Бернардо Силва од Монако и Едерсон од Бенфика. Манчестер јунајтед потпиша со Линделоф, а е блиску до ангажман и на Алваро Мората.
И покрај неактивноста на почетокот од преодниот рок, се очекува Челси да почне да купува и да му исполни дел од желбите на Антонио Конте.