180
Бразилецот со шпански пасош по дуелот со Македонија во Скопје минатиот месец на медиумите им откри дека Антонио Конте по смс порака го известил дека треба да си пронајде нов клуб.
Менаџерот на Челси сега ја кажа својата страна на приказната, вели дека го „шкртнал“ Диего Коста уште на стартот од годината кога двајцата имаа голема расправија.
„Во јануари, ситуацијата на Коста беше прилично јазна за клубот, за играчот и за неговиот агент“ – вели Италијанецот.
„За мене, оваа приказна е завршена“.
„Сините“ веќе пронајдоа замена за Диего Коста, на Стемфорд Бриџ пристигна Алваро Мората за рекордна сума.