Ова не би било ништо ново за италијанскиот стратег кој истото го направи и во Јувентус кога си замине два дека по стартот на подготовки за новата сезона.
Според новинарот на „Скај Италија“, Џанлука Ди Марцио, односот помеѓу Конте и раководството не е на потребното ниво.
Тренерот има специфични цели, фудбалери со кои сака да го засили тимот, но раководството не работи на остварување на неговите желби.
Конте е свесен дека на Челси му треба поголем ростер со квалитетни фудбалери бидејќи во следната сезона ќе настапува и во Лигата на шампионите, но се чини клубот не мисли исто.
За разлика од „Скај Италија“, „Мирор“ се смее на тврдењата дека Конте е незадоволен од раководството, но италијанскиот новинар тврди дека ситуацијата е посериозна отколку што им изгледа на англиските медиуми.