Бразилскиот фудбалер Антони, кој ова лето се пресели во Бетис, конечно пронајде вистинско место за себе и може да зборува отворено за тешките моменти што ги помина во Манчестер Јунајтед.
„Само моето семејство знае колку беше тешко да се биде таму. Да тренирам одделно. Но, знаев дека овој неверојатен момент доаѓа. Секако, се плашев дека на крајот можеби нема да се случи, но чекав бидејќи имав толку многу вера. Сега кога имам повеќе време, има многу работи што треба да се направат и постигнат. Имав проблеми со спиењето откако видов толку многу љубов од навивачите на Бетис; луѓето ме чекаа пред куќата во два часот наутро“, изјави Бразилецот.
Антони се наврати и на престојот во Англија, каде што минатите месеци не му беа лесни.
„Тоа беа многу тешки месеци во Англија, повеќе од 40 дена во хотел, тренирајќи одвоено… Чувствував дека не ме почитуваат, но тоа не е поентата. Не сакам да создавам контроверзии; таков е животот. Многу сум благодарен на клубот, имаше тешки моменти, но и добри, со два трофеи“, додаде тој.
Интересно е дека летово заинтересиран за Антони беше и Баерн Минхен кој му испрати подобра понуда, ама Бразилецот реши да го испочитува зборот кон Бетис.