Антони веќе одлучил: Не сака да се врати во Манчестер јунајтед, Бетис има план како да го задржи

by Стефан
1 минути читање

Бразилецот Антони откако го напушти Манчестер јунајтед започна да игра одлично во дресот на шпански Бетис и како што стојат работите нема намера да се врати на „Олд Трафорд“.

Ваквата информација ја потврди извршниот директор на Бетис, Рамон Аларкон.

„Ми кажаа дека Антони сака да остане во Бетис уште една година. Фудбалерот се чувствува пријатно како на теренот така и надвор од него бидејќи ние направивме се за да му ја олесниме адаптацијата од првиот ден кога пристигна“, изјави Аларкон.

Бетис како што стојат работите нема да има пари да го откупи Антони бидејќи Манчестер јунајтед го плати речиси 100 милиони евра и сега сака да врати барем половина од вложеното. Шпанците не се можност да платат 50 милиони евра за било кој играч, па затоа ќе ја искористат желбата на Антони да остане на позајмица.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани