Антони: Како дете во фавелите играв против дилери на дрога и криминалци, поголем притисок од тоа нема!

by bojan
1 минути читање
Антони

Напаѓачот на Бетис, Антони вели дека имал тешко детство и предизвиците со кои се соочил додека растел му помогнале подобро да се справува со притисокот кој го носи фудбалот на највисоко ниво..

Антони во 2022 се пресели во Манчестер јунајтед во зделка вредна околу 100 милиони евра, но не се снајде во дресот на „ѓаволите“ испадна големо трансфер промашување и во јануари беше испратен на позајмица во Бетис.

Во Ла Лига, Бразилецот почна повторно да прикажува дел од својот талент и да игра на високо ниво.

Напаѓачот во разговор со ДАЗН сега вели дека лесно му е да ги игнорира проблемите на теренот поради тешкото детство.

„Кога луѓето ме прашуваат за притисок, јас велам, „Каков притисок?“ Имав притисок кога во фавелите играв фудбал против дилери на дрога и слични криминалци, или пак кога играв бос. Тоа е правиот притисок“ – раскажува Антони.

„Кога наутро одев во училиште, често одев гладен и немав што да јадам“.

„Па кога сега ќе се сретнам со тешки моменти, само се потсетувам на сите предизвици кои морав да ги надминам во минатото“.

Во претходно интервју, Антони има откриено дека пораснал во фавелата наречена Инфернињо (малиот пекол во превод) една од најопасните зони во Осаско, предградието на Сао Пауло.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани