Младиот и
суперталентиран македонски репрезентативец Елиф Елмас својата професионална
фудбалска кариера продолжува да ја гради во турскиот гигант Фенербахче.
Фото: Перо Антиќ во друштво со Елиф Елмас
Во кошаркарскиот
тим на Фенербахче настапува поранешниот капитен на Македонија, Перо Антиќ, тој
на социјалните мрежи упати честитки до неговиот сонародник и му посака
добредојде.
„Добредојде млад пријателе! Сега се е на тебе… Направи ги фановите на Фенер среќни со
твојата игра… Се гледаме во Истанбул“ напиша Антиќ, притоа доби одговор од
Елмас.
„Благодарам што
ми го кажуваш сево ова и поради поддршката што ми ја упатуваше да дојдам тука!“
му возврати Елмас.
Инаку
пристигнувањето на Елмас во Истанбул беше проследено од турските медиуми кои веднаш побараа изјава од него, тамошните медиуми на големо пишуваа дека голема заслуга во реализацијата на овој трансфер оди на адреса на Антиќ.