Драма на Сан Сиро со среќен крај за Милан, Удинезе може да жали што си замина без бодови, но борбениот домаќин заслужи победа.
Удинезе поведе уште во шестата минута со гол на Ларсен по еден голем кикс на Донарума кој несфатливо го напушти голот и истрча по топката.
Но по само три минути игра во второто полувреме Анте Ребиќ постигна гол за изедначување на 1-1.
Во второто полувреме брилијантен беше Џиџи Донарума кој со неколку одлични интервенции се извади за киксот од првиот дел.
Во 72. минута Тео Ернандез постигна фантастичен погодок со удар од далечина за комплетен пресврт и водство на Милан од 2-1.
Шест минути подоцна во игра влезе и Илија Несторовски, Удинезе го засили нападот и како плод на офанзивната игра дојдоа до изедначување преку Лазања во 85. минута.
Кога се чинеше дека на овој дуел ќе нема победник, Анте Ребиќ со својот втор гол на мечот, во последната минута од судиското продолжение му донесе победа на Милан од 3-2.