160
16 годишниот
фудбалер од Гвинеа Бису пред две недели стана најмладиот стрелец во историјата
на Барселона откако погоди против Осасуна. Тој доби шанса во првиот тим поради
повредите на Лео Меси и Луис Суарез, и на најдобар можен начин ја искористи
укажаната прилика.
Вечерва Ансу Фати
беше стартер против Валенсија и за само 7 минути собори нови два рекорди.
На асистенција на
Де Јонг, тој ја затресе мрежата на гостите по 110 секунди и стана најмладиот
стрелец за Барселона на Камп Ноу.
Во 7. минута
напаѓачот ја врати услугата и му додаде на Холанѓанецот за 2-0 со што стана
најмладиот играч во историјата на Ла Лига кој забележал гол и асистенција на
еден натпревар.