Ансу Фати откри како дознал за повикот од Шпанија, а Барселона му подготвува договор со астрономска клаузула

by
1 минути читање

Младата ѕвезда на
Барселона со голем потенцијал во себе, Ансу Фати објасни како дознал дека е
повикан во шпанскиот национален состав за фудбалери до 21 година, а истовремено
„Мундо Депортиво“ објави дека Каталонците подготвуваат договор за тинејџерот, и
тоа со астрономска откупна клаузула во истиот.

16 годишниот Ансу
беше повикан во младата селекција на Шпанија откако Карлес Перез се здоби со
повреда, тој и претходно можеше да добие таков статус, меѓутоа се чекаше на
официјална потврда од страна на ФИФА, каде се уште се работеше на
документацијата со тинејџерот.

Бев во автомобил
на пат да земам храна со моите пријатели, а во тие моменти ми се јави мојот
татко, ме праша дали сум ги слушнал најновите вести околу мене, реков дека не
бев во таква можност, а потоа тој додаде дека сум повикан во националниот
состав
“ откри Ансу.

Го прашав кога
треба да заминам со селекцијата, а тој ми рече попладне истиот ден, отидов
дома, се преслеков и се качив на авионот
“ додава Ансу кој не крие дека повикот
бил изненадувачки за него.

Бев изненаден,
искрено не очекував вакво нешто, помина одреден период откако јасно ставив
дознаење дека сакам да играм за овој национален тим и во овие моменти сакам да
се заблагодарам на шпанската фудбалска федерација, особено за нивниот придонес
да добијам шпански пасош
“ заклучи тинејџерот од редовите на Барселона.

Во меѓувреме, „Мундо
Депортиво“ објави дека Барселона веќе подготвува договор за својот 16 годишен
фудбалер по одличните перформанси од негова страна во првиот состав на
Каталонците.

Според
информациите, се вели дека во новиот договор ќе фигурира астрономска откупна клаузула
во висина од речиси 200 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×