Легендарниот Тјери Анри има голема почит за Ламин Јамал, вели дека ужива да го гледа.
Французинот ја потенцираше зрелоста на Јамал за годините кои ги има.
„Најмногу уживам да го гледам Јамал и ќе ви кажам зошто. Тој на теренот покажува неверојатна зрелост, едноставно е предобар. Ќе ви објаснам. Шпанија води со 2-1 против Франција во полуфиналето на Европското првенство, Унаи Симон ја фрла топката кон него, а тој ја смирува со надворешниот дел од копачката, погледнува горе и може да оди еден на еден против Тео Ернандез. Млад е и веќе постигна гол. Кој би му кажал нешто ако одеше еден на еден? Беше тоа околу 60. минута. Тој се сврте кон своите играчи и им кажа: „Смирте се“. Си помислив, ти тоа го правиш на овие години во полуфинале на Европско првенство. Едноставно голот можеше да го понесе и никој не би му замерил, меѓутоа тој покажа дека е едно друго ниво, дека поинаку размислува“, вели Анри.