Легендарниот Тјери Анри вели дека Ханси Флик е виновен за поразот на Барселона од ПСЖ во Лигата на шампиони, смета дека „каталонците“ не можат да играат со толку високо поставена одбрана против силни противници.
„Светците“ со доста проблеми пристигнаа на „Монжуик“ но и покрај тоа се прикажаа во одлично издание и со гол во финишот ја изненадија Барселона.
Тјери Анри, кој како стручен коментатор го работеше натпреварот за СиБиСи Спортс, прстот го впери во Ханси Флик и тактиката на Германецот.
„Не можете да играте во Лигата на шампиони со толку многу високо поставена одбрана. Жал ми е, тоа е реалноста. Кога играте против големи тимови, умеат да го искористат тоа“ – вели легендарниот Французин.
Токму така падна победоносниот гол, Хакми ја избегна офсајд стапицата и го проигра осамениот Рамош за рутинска реализација.
„Понекогаш тренерите знаат да бидат тврдоглави и да инсистираат на одредена стратегија, но на големи натпревари, тоа знае да ги чини скапо“.
ФОТО: X/Paris Saint-Germain