Ањели му се поклони на Ајакс: Млади фудбалери кои имаат чест да носат дрес на клуб со огромни вредности

by
1 минути читање

Ајакс приреди
ново чудо во Лигата на шампионите, откако го елиминираше Јувентус во
четвртфиналето, а својот противник во полуфиналето ќе го дознае вечерва по
реванш пресметката помеѓу Манчестер Сити и Тотенхем.

Претседателот на
Јувентус, Андреа Ањели не се штедеше на пофални зборови за холандскиот клуб за
кого истакна дека целосно заслужено прогресираше во полуфиналето, тој додаде
дека Ајакс е клуб кому сите мораат да му спуштат капа сезонава, го спореди со
Монако од пред неколку години.

Ајакс е клуб кој
работи на циклуси, а овој проект беше почнат пред неколку години, тие
заслужија, не говорам само за овој натпревар, туку за обата, секако, ова е
натпреварување каде добри час и половина можат да направат разлика помеѓу трофејот
и елиминацијата
“ рече Ањели.

Ајакс му создаде
тешки проблеми на Баерн Минхен, го елиминираше Реал Мадрид, сега и нас, ние
мораме да им ја спуштиме капата доле на нив
“ додаде тој и притоа не криеше дека
постои разочарување кај него.

Како навивач,
секако постои големо разочарување кај мене по овој пораз, но, некогаш треба да
прифатите кога една екипа игра неверојатно добро цела сезона, сите треба да им
честитаме и да им укажеме комплименти
“ издвои претседателот на Старата Дама.

Тие на некој
начин потсетуваат на Монако од пред неколку години, ова е природниот дух на
Ајакс, ќе видиме што ќе се случи во претстојните години, дали тие момци ќе
останат во тимот или ќе заминат од таму
“ вели тој.

Тоа се млади
фудбалери кои имаат чест да носат дрес на клуб со огромни вредности на
континентално ниво и во целосната историја на европскиот фудбал, Ајакс
дефинитивно се генијалци во трката за европскиот трофеј оваа сезона
“ заклучи
Ањели.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×