274
Анхел Кореа имаше одлична партија во дресот на Тигрес против Хјустон, Аргентинецот постигна два атрактивни погодоци и ја крена публиката на нозе.
Анхел Кореа ова лето го напушти Атлетико Мадрид и се реши за авантура во Мексико, во редовите на Тигрес.
Утрово тој имаше одлична партија против Хјустон во Лига купот на Северна и Централна Америка и постигна два атрактивни погодоци.
На крајот од првиот дел, тој прецизно биеше по земја од врвот на шеснаесетникот за 1-0, за потоа на средина од второто полувреме, се најде осамен пред голманот, и го измести со дриблинг како што на времето тоа го правеше легендарниот Бразилец Роналдо.
ФОТО: fb/Club Tigres English