23 годишниот
напаѓач во јануари го напушти ВБА и се пресели во Стоук, а во пресрет на
средбата на двата клуба во февруари, во јавноста протече информација дека Саидо
Берахино минатата година паднал на допинг тест и бил позитивен на рекреативна
дрога поради што добил суспензија од осум недели.
Тој сега во
разговор со БиБиСи открива дека никогаш не користел дрога и обвинува дека некој
му подметнал дрога во пијалокот.
„Можам да кажам
само дека не знам како дрогата се најде во мојот организам” – вели Берахино, кој ги помина сите
младински категории на Англија и доби повик за сениорите но се уште чека на
првиот настап за „Трите Лава“.
„Ангажиравме специјалист
кој направи анализи, зеде влакно од мојата коса како примерок”.
„Никогаш во
животот не сум земал дрога. Ниту пак некој од моето семејство зима дрога”.
„Во примерокот од
косата немаше никакви траги, ниту од кокаин ниту од МДМА, ништо од тоа поради
кое паднав на допинг тестот”.
„Ова е еден од
оние случаи кога навечер излегувате, се дружите со лица кои не ги познавате, и има
луѓе кои сакаат да ви наштетат. Јас сум виновен само што бев излезен во ноќен
клуб”.
„Бев многу
разочаран, и до ден денес не можам да разберам кој сакаше да ми наштети”.
„Никогаш не сум
користел дрога, па тешко ми беше тоа што добив казна за нешто што не го
направив”.
Запрашан дали ова
значи дека некој му подметнал дрога, тој додава: „Да, дефинитивно некој ми
подметна дрога”.
„Ако сум земал
дрога за да уживам тогаш на допинг тестот во мојот организам ќе беше најдена многу поголема
количина од супстанцата”.