158
Повеќе нема
дилеми, Лидс и официјално се раздели со нашиот интернационалец Езгјан Алиоски
откако на 29 годишниот фудбалер веќе му истече договорот, а обете страни не
успеаа да се договорат за продолжение на соработката.
Лидс му се
заблагодари на Алиоски на македонски јазик на социјалните мрежи, а тоа со
зборот „брате“ го стори и еден од хероите на Англија на Европското првенство,
како и негов довчерашен соиграч од клубот од „Еланд Роуд“, Калвин Филипс.
„Среќно брате! Ќе недостасуваш“ напиша Филипс.
