Тешко е да се игра во
Англија, тоа се чини дека на големо го почувствува нашиот 25 годишен
интернационалец Езгјан Алиоски кој изминатото лето потпиша за Чемпионшиплигашот
Лидс, и покрај тоа што имаше и други понуди на негова адреса, меѓу кои се
шпекулираше и поранешниот шампион во Премиерлигата, Лестер.
Под насловот „
Фудбалерот
на Лидс, Егјан Алиоски не успеа да го оправда интересот на Лестер од летниот
преоден рок“, британски „HITC“ пишува дека Македонецот допрва треба да се докажува во Чемпионшиплигашот, а
засега не успеал да докаже дека станува збор за фудбалер со огромни квалитети
да би можел да го замени 40 милионски вредниот фудбалер на трансфер пазарот,
Ријад Марез, онака како што се најавуваше.
Истиот медиум денес
излезе со наслов како сугестија под прашалник за тоа дали Алиоски би бил
идеално решение за вистински џокер од клупата на Лидс.
Лидс влезе во сериозна
резултатска криза во последниов период а тоа значеше и пад од неколку позиции
во Чемпионшиплигата, нашиот фудбалер на 14 настапи постигна два гола.
Извор: hitc.com